Thursday, September 27, 2012

Youtube

Темелите на денешниот YouTube се поставени од страна на Чед Хрли, Стив Чен и Џод Карим, поранешни работници на во фирмата PayPal. Доменот „YouTube.com“ е активиран на 15 февруари2005 година, а во текот на следните месеци страната се повеќе и повеќе се развива. Во мај 2005 страната и е понудена на преглед на јавноста, а 6 месеци подоцна и официјално почнува со работа. YouTube е започнат со приватни средства, а инвеститорската фирма „Sequoia Capital“ во ноември2005уложува 3,5 милиони долари, за потоа во април2006 да уложи дополнителни 8 милиони долари. На 9 октомври 2006 год. најавено е дека компанијата ќе ја превземе Google за 1, 65 милијарди долари. Договорот е потпишан на 13 ноември, а во него стои дека YouTube ги задржува своите 67 работници и продолжува да работи независно од Google.
Спрема статистичките истражувања од јуни2006 година на YouTube дневно се прегледуваат по 100 милиони видеа, а во тек на 24 часа просечно се поставуваат по 65 000 нови видеа. Спрема истражувачките фирми Nielsen/NetRatings страницата ја посетуваат скоро 20 милиони корисници месечно од кои 44% жени и 56% мажи, на возраст од 12 до 17 години.
YouTube (на македонски: Јутјуб) е популарен интернет вебсајт за размена на видео материјали каде што корисниците можат да поставуваат, гледаат, коментираат и оценуваат видеа од различен тип. За да се постави видео содржина потребна е регистрација, додека за гледање не е (освен во случаите кога материјалот е забранет за помлади од 18 години). Спрема правилата на користење корисниците можат да поставуваат свои изработки или изработки за кои ги имаат допуштено авторските права од корисникот, а забрането е поставување на порнографски материјал, насилство, содржина кој подржува криминал и слично. YouTube го задржува правото на користење, преработување и бришење на поставениот материјал. 

No comments:

Post a Comment