„Фејсбук“ (Facebook) е мрежно место кое служи како услуга за друштвено вмрежување со слободен пристап која функционира и е приватна сопственост на корпорацијата Facebook Inc.[1] Корисниците можат да се придружат на мрежи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат едно со други. Тие, исто така можат да додааваат пријатели и да им испраќаат пораки и да ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси. Името на мрежното место се однесува на документот „фејсбукс“ кој ги опишува членовите на универзитетската заедница, кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти,факултети и вработени како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.
Мрежата ја основал Марк Цукерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус иЕдуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард. додека бил студент по.[4] Корисничките сметки на мрежното место, на почетокот биле ограничени само за студентите на Харвард, но набргу станало достапно и за студентите од другите универзитети од Бршленската Лига. Потоа, мрежата стана достапна и за средношколците, но и сите останати лица. Во септември 2006 година беше утврдено дека корисник на може да биде секој кој има повеќе од 13 години и има постоечка електоронска пошта.
No comments:
Post a Comment