Игрите со топка датираат од антички времиња и првите знаци на вакви спортови можат да се проследат до цртежи во Египетските храмови кои датираат од 1500 г.п.н.е. Античките Египјани всушност играле игри со топка како дел од нивнитерелигиозни обреди. Овие традиции и целиот концепт на игри со топка бил проширен во Европа во осмиот век од страна на Мурите, чија империја се простирала до јужна Франција. Колку и да изгледа чудно, всушност мешањето на оваа источна култура со Христијанството го содала тенисот.
Христијанските калуѓери започнале да се за религиозните обреди на Мурите и така тие биле првите европјани кои започнале да ја играат играта која подоцна ќе биде наречена тенис. Најпрвата верзија на спортот била наречена “Ла Сол” каде што играчите си подалвале со топката користејќи стап или пак со рацете. Оваа игра станала толку популарна низ манастирите во Европа што дневната црква размислувала дури и да ја забрани.
Тенисот е спорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу два тима од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988.
No comments:
Post a Comment