Lajka
Кучето Лајка, женски самоед-териер, било првото животно што на 3 ноември 1957 било лансирано со сателитот Спутник 2 вовселената каде што и престојувало 10 дена, со што се потврдиле тврдењата дека е можен живот во бестежинската состојба.Првото суштество што патуваше во вселената беше женски самоед-териер, отпрвин крстено Кудрјавка (Кадравка), но подоцна преименувано во Лајка (од Лае). Пред мисијата било куче-скитник, и најдено е на улиците на Москва
Таа тежеше 6 килограми. Кабината на Спутник 2 имаше доволно простор за неа да може да лежи или стои. Систем за регенерација на воздухот ја снабдуваше кабината со кислород, а храна и вода беа давани во желатинирана форма. Лајка беше опремена со вреќа за собирање на отпадоци и електроди за набљудување на виталните знаци. Раната телеметрија покажуваше дека кучето било вознемирено, но сепак јадело.
No comments:
Post a Comment