Салвадор Доменек Фелип Хакинт Дали Доменех (11 мај 1904 - Фигерас, 23 јануари 1989), шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД, попознат како само Салвадор Дали. Делото на Дали е забележливо по неговата впечатлива комбинација на бизарни халуцинантни претстави и извонредна сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори. Дали е уметник со огромни талент и имагинација. Тој има признаено дека често сака да прави необични нешта со цел да го привлече туѓото внимание, што некогаш ги иритира и оние што ја сакаат неговата уметност како и оние што го критикуваат, со оглед на тоа што неговиот ексцентричен однос знае да го засени неговото дело во окото на јавноста.
Цртежите му се изведени до перфекција и секогаш во простор, во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се врати во Шпанија и работеше комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет.
No comments:
Post a Comment